The Haute Wed Gala е ексклузивен
black-tie настан што
обединува внимателно селектирани луксузни и свадбени брендови.
Во атмосфера на
елеганција и висока естетика,
гостите ќе уживаат во уникатни претставувања,ревии и искуства
достапни само со лична покана.



Ова не е обичен настан. Ова е македонската верзија на Met Gala.
Очекуваме гостите да заблескаат во балски тоалети, гламурозни фустани и формални изданија достојни за вечер што слави елеганција, стил и префинетост.
Дрес Код:
Black Tie Glamour




За организаторите
Atelier Per Sempre
Веќе десет години, Atelier Per Sempre е синоним за висока мода и префинетост. Под водство на дизајнерката Јасминка Стојановска и нејзините ќерки, Сандра и Моника Матеска, ателјето создава уникатни венчаници и свечени фустани, изработени со беспрекорна прецизност и внимание на деталите.
SIGNORI
Основан во 2014 година од Ненад Пантовиќ и Кристијан Поповски, SIGNORI е бренд за рачно изработени машки костуми по мерка, познат по својата посветеност на совршенството. Секој костум е внимателно изработен од најквалитетни материјали, нудејќи елеганција и самодоверба за секоја прилика.



Спонзори и партнери








Copyright © 2025 Atelier Per Sempre. All rights reserved